Висококвалитетен скенер – Модел SP 2400
Висококвалитетен скенер SP2400 е професионална опрема за вашата канцеларија или лабораторија. Скенерот SP 2400 служи како сеопфатна верификациона алатка за банкноти, документи и пасоши. Може да се користи самостојно, но и како дел од сложена автоматизација на операции кај финансиските организации и компании што работат со материјали кои бараат внимателна детекција.
Направата ги комбинира способностите на спектарен споредувач и високо-прецизен скенер. Оваа техника дозволува да скенирате документи од различни формати (до А4). Оваа направа се препорачува на секој кој има потреба да купи високо-квалитетна специјална опрема како би се утврдила автентичноста на безбедносните документи.
Скенерот ја скенира сликата во бел, ултравиолетов и инфрацрвен спектар. Максималната резолуција е 2400 dpi. SP 2400 е практичен и лесен за употреба. Софтверот овозможува да ги документирате резултатите и квалитетно да детектирате како мали така и големи слики.
Основни функции:
- Бела светлина
- Ултравиолетова
- А светлина – 365 nm
- Инфрацрвена светлина – 850 nm
- Бела пренослива светлина
- Инфрацрвена пренослива светлина
Технички спецификации:
- Димензии: 455х305х60 mm
- Тежина: 7 kg
- Моќност: 220 V
- Скенирачка област: 210х300 mm
- Резолуција: 300/600/1200/2400 dpi